Лајпциг со пресврт си закажа финале против Фрајбург во ДФБ Покал

Иако РБ Лајпциг имаше негатива по првиот дел од Унион Берлин, на крајот успеа да слави 2:1 и со тоа да се пласира во финалето од германскиот ДФБ Покал куп.

Шералдо Бекер донесе водство за тимот на Унион во 25-тата минута, но со головите на Андерсон Силва од пенал во 61-вата и Емил Форсберг во последните мигови од средбата, овој тим си обезбеди ново финале во Купот.

Таму ќе се соочи со Фрајбург на 21 мај, а битката за трофејот ќе се одигра на Олимпискиот стадион во Берлин.

 

- Оглас -

Најнови вести