Ламин Јамал испиша историја со Шпанија, собори рекорд стар со децении

Ламин Јамал продолжува да испишува нови страници во историјата на шпанскиот фудбал. Младиот ас на Црвената фурија беше стартер во победата над Португалија (1-0) во осминафиналето на Светското првенство и со тоа постави рекорд што досега не му успеал на ниту еден шпански репрезентативец.

Ѕвездата на Барселона стана првиот фудбалер во историјата на Шпанија кој започнал како стартер на два натпревари од нокаут-фазата на Мундијал пред да наполни 19 години. Претходно Јамал беше дел од почетниот состав и во дуелот против Австрија, со што уште еднаш ја потврди својата важност во тимот на Луис де ла Фуенте.

Натпреварот против Португалија донесе и симболичен судир на две генерации. Кога Кристијано Роналдо го постигна својот прв гол на Светско првенство во 2006 година, Ламин Јамал сè уште не беше роден.

- Оглас -

Најнови вести