Лампард: Не се плашиме од Ајакс, но мора да ги почитуваме

Делува малку чудно, но Ајакс и Челзи никогаш во историјата не одиграле официјален меч. Се памти нивниот пријателски дуел од 2010 година, кога Ајакс победи со 3:1. Сега влогот е многу поголем. Дуел од Лигата на шампиони, каде победа вреди 2,7 милиони евра. Дуелот се игра во Амстердам, домот на Ајакс, каде губеле и многу посилни екипи од таа на Челзи.

Сепак, лондонскиот тим никогаш не смее да се потцени. Со подмладен состав и со недоволно искусниот Франк Лампард на клупата, Челзи ќе се обиде да изненади.

„По почитувам Ајакс. Гледав како играше минатата сезона и знам дека има многу силен состав, иако си заминаа неколку играчи во летниот преоден рок. Го респектираше противникот, но не му се плашиме. Веруваме во нашите можности“, вели Лампард.

По две кола, Ајакс е лидер со максимални шест бода, додека Челзи има три бода и сигурно ќе биде доволно ако не загуби во Амстердам. Историјата покажува дека Ајакс има 24 меча против англиски ривали со биланс од 8 победи, 7 реми и 9 порази. Челзи само два пати играл против екипи од Холандија и тоа против Феенорд пред 20 години, кога се радуваше на две победи.

 

- Оглас -

Најнови вести