Ланскиот прв пик порасна за пет сантиметри и се закани: Ќе се претворам во Мајкл Џордан

Ентони Едвардс, минатосезонскиот прв пик во НБА-лигата од страна на Минесота тимбервулвс, во текот на летото порасна за пет сантиметри, што пријатно го изненади таборот на Волците.

Бекот има само 20 години и до неодамна беше висок 195 сантиметри, сега има помалку од 200, а на тренерот Крис Финч му кажа дека доколку продолжи да расте, ќе се претвори во Мајкл Џордан.

„Ентони ми кажа да не му дозволам да надмине висина од 200 сантиметри бидејќи ќе се претвори во Мајкл Џордан“, истакна Финч.

Инаку, Едвардс во својата дебитантска сезона бележеше просек од 19,3 поени и 4,7 скока, се најде во најдобрата петорка на новаци, но во битката за најдобар дебитантски кошаркар загуби од Ламело Бол од Шарлот.

Сезоната 2021/22 во НБА-лигата стартува на 19 октомври.

- Оглас -

Најнови вести