Лапорта сака Германци да командуваат во Барселона

Германскиот тандем Јулијан Наглесман и Ралф Рангник би командувал во Барселона ако Жоан Лапорта победи на изборите за претседател на Барселона, закажани за 7 март.

Веста ја објавија каталонските медиуми, а планот на Лапорта е Нагелсман да се пресели од Лајпциг во Барселона и со него да дојде и Рангник како директор на клубот.

Германскиот тандем одлично соработуваa во Лајпциг, а Нагелсман е еден од најмладите и најталентирани тренери во Европа.

Рангник му помагаше од позицијата на директор за развој и за фудбалски операции и во Салцбург и во Лајпциг и го сметаа за еден од најдобрите менаџери на таа позиција во светот на фудбалот.

Лапорта веќе беше претседател на Барселона во периодот од 2003 до 2010 година и во неговата ера шпанскиот гигант освои 4 титули во Ла Лига и двапати беше шампион на Европа со триумфи во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести