Лацио бараше пенал, судијата погледна ВАР и додели пенал, ама за Наполи (Видео)

Наполи го гази Лацио со неочекувано големи 4-1 во дуел од Серија А, кој е битка за места кои водат во Лигата на шампионите, а уште на самиот старт се виде дека ова ќе биде необичен меч.

Во четвртата минута, гостите тргнаа во контра, Лацари беше соборен од позади, па Лацијалите бараа пенал и црвен картон за играчот на Наполи. Судијата отиде сам да гледа видеоснимка, а по три минути, не само што не „дувна“ пенал за Лацио, туку досуди пенал за Наполи поради фаул на Милинковиќ Савиќ над Манолас, при корнерот по кој римските Орли ја зедоа топката и тргнаа во контранапад.

Погледнете:

https://twitter.com/i/status/1385312122431623169

- Оглас -

Најнови вести