Лацио ја гази Фиорентина – Во 2022 година имаат 7:0 во Фиренца, а Весино и Имобиле со голови прославија и убави јубилеи

Лацио повторно ја декласира Фиорентина во Фиренца, вечерва со 4:0 со победа што е за еден гол повисока од таа во февруари годинава кога римјаните славеа со 3:0.

Матијас Весино беше стрелец на првиот гол за гостите до Рим и со тој погодок прослави убав јубилеј.

Весино дава барем по еден гол во последните 10 сезони во Серија А, а тоа го сториле само уште Доменико Берарди, Џакомо Бонавентура и Леонардо Бонучи.

Мрежата на Фиорентина ја наполнија и Закањи, Луис Алберто и Чиро Имобиле.

Имобиле со гол го прослави 300-от меч во Серија А, а Лацио се прби на третото место на табелата со 20 бода, колку што имаат Удинезе и Милан зад нив.

Фиорентина падна на 13-то место со 9 бода по 9 кола во Калчото.

Вечерва во Премиер лигата Нотингем форест и Астон Вила одиграа нерешено 1:1.

- Оглас -

Најнови вести