Пропадна трансферот на Павловиќ со кавга меѓу Лацио и Партизан

Страхиња Павловиќ нема да се пресели од Партизан во Лацио, откако повтрно не ги мина комплетно медицинските прегледи.

Младиот 18-годишен стопер беше повторно на прегледи во Рим, а од Лацио објавија дека не ги минал комплетно, додека од Партизан велат дека парите се причината за нереализираниот трансфер.

“Нема никаков проблем со срцето кај Павловиќ. Лацио не сака да даде пари, тоа е причината“, велат од Партизан.

Како и да е еден од најталентираните српски играчи ќе остане во таборот на „црно-белите“ и ќе се бори за место во првата постава во продолжението на сезоната. Партизан успеа да се избори за настап во Европа Лигата, па ќе му бидат потребни повеќе квалитетни играчи за дуелите со Манчестер јунајтед, Астана и АЗ Алкмар.

Според најавите од Партизан Павловиќ следната недела ќе го потпише нов договор со Партизан.

- Оглас -

Најнови вести