Лавеци даде гол и објави крај на кариерата (Видео)

Аргентонецот Езекиел Лавеци, објави крај на неговата фудбалска кариера. Лавеци кој има 34 години, својот последен меч го одигра во кинеската лига, и даде гол во поразот на Хебеи против Гуангџу од 1-3.

„Секогаш ќе го паметам овој натпревар, бидејќи ми беше последен во кариерата. Сакам да уживам со децата и семејството. Мислам дека сега беше вистинско време за ваква одлука“ – изјави Лавеци.

Популарниот Почо, откако се прослави во Сан Лоренцо, во 2007 година прејде во Наполи, и таму за пет сезони даде 48 голови. Во 2012 се пресели во ПСЖ, каде остана до февруари 2016, а од Париз замина во Хебеи каде играше три и пол сезони. Во Кина, Лавеци имаше 35 гола и 26 асистенции.

Ова е последниот гол во кариерата на Лавеци:

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести