„Лавовите“ не дозволија Ренова да победи во Ѓорче Петров

Македонија Ѓорче Петров и Ренова одиграа нерешено 1:1, во меч од деветото коло во Првата фудбалска лига. Двата погодоци беа постигнати во второто полувреме, а гостите први погодија. Виктор Серафимовски погоди во 56 минута, а предноста на Ренова беше до самиот финиш.

Во 87 минута беше досуден пенал за Македонија Ѓорче Петров, а Ермедин Адем беше прецизен од белата точка и погоди за 1:1.

Ренова и со овој освоен бод се искачи на првото место на табелата со 18 бодови, но Шкупи кој има 17 бодови, утре на свој терен во Чаир ќе игра против Работнички.

Академија Пандев и трет меч по ред е без победа, откако одигра без голови на гости кај Скопје. Струмичани сега имаат 15 бодови и моментно се на третото место, колку што има и Работнички. Без голови заврши и мечот меѓу Пелистер и Тиквеш.

Актуелниот првак Шкендија беше најубедлива и со 3:0 победи против Борец, а предноста на домашен терен ја искористи и Брегалница која минимално со 1:0 славеше во дуелот против Струга.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести