Лавовите од Ѓорче Петров острат канџи за спокојна пролет (Фото)

Македонија Ѓорче Петров ги загуби двата пријателски дуели што ги одигра досега во Аланија, ќе има шанса за подобар резултат на уште неколку пријателски мечеви во извонредниот турски спортски комплекс, а целта е добро да се наполнат акумулаторите и да се воигра тимот за пролетниот дел од домашниот шампионат.

Засилени со Бразилците Карвалјо и Пеналва, потоа и со Демир и со Јакимовски, Ѓорчепетровци имаат цел да го осигурат опстанокот во нашата Прва лига, а по можност и да бијат битка за позициите што водат во Европа.

Последен европски настап им е во сезоната 2009/10, па по 10 години повторно се разбудија амбициите за враќање на големата сцена на Стариот Континент.

По првиот дел од сезоната, Македонија Ѓ.П. е на шестата позиција во нашето првенство со 21 бод. Првиот меч од продолжението на македонскиот шампионат, кој е мошне изедначен, ќе го играат во Струмица, против Академија Пандев на 17-ти февруари.

- Оглас -

Најнови вести