Лазаров е горд на Фалангата која секогаш е тука за Македонија

Македонија вчера ја победи Јапонија и донесе нова радост на навивачите кои секогаш даваат поддршка на нашите најдобри ракометари. И во Минхен, Македонија има поддршка од „Фалангата“. Секако, еден од оние кој е најзаслужен за успесите на ракометната селекција во изминативе две децении, е капитенот Кирил Лазаров.

Вечерва додека репрезентативците одмораа во хотелот, петмина навивачи, сите со дресови на кои беше бројот 7, сакаа да се фотографираат со спортскиот херој на Македонија. Лазаров не само што им ја исполни желбата, туку на својот инстаграм профил се заблагодари на константната поддршка од навивачите.

https://www.instagram.com/p/BsjGodZBOWs/?utm_source=ig_web_copy_link

Лазаров утре попладне од 14 часот треба да ја предводи репрезентацијата кон нова победа во дуелот против Бахреин.

 

- Оглас -

Најнови вести