Лазаров и Миркуловски нема да играат против Данска!

Кирил Лазаров денеска ќе го има првиот меч на кој ќе биде само во улога на селектор на македонската репрезентација, откако реши на реванш дуелот против Данска, тој да не биде во составот. Освен капитенот Лазаров, против Данците ќе мора да се соочиме и без Филип Миркуловски.

Искусниот Миркуловски прифати да се врати во репрезентацијата и во првиот меч против Данска одигра фантастично. Беше еден од најдобрите на теренот, вистински „мотор“ во екипата. Сепак, сега Лазаров реши повеќе шанса да им даде на помладите, а тој заедно со Миркуловски од тренерската клупа ќе се обидат да направат стратегија да се спротистават на светскиот првак

Ова е составот со кој Македонија денеска ќе игра против Данска. Мечот започнува во 16 часот со пренос на МТВ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести