Леброн и Лејкерс знаат кога треба да покажат сила, затоа се шампиони (Видео)

НБА-шампионот Лос Анџелес лејкерс славеше во Милвоки против Бакс со 113-106 и покажа дека кога треба да се покаже сила, тие го прават тоа за да им испратат порака на ривалите. Езерџиите кои сезонава имаат 8-0 на гостувањата, погодија 19 тројки, од кои шест беа на Леброн Џејмс, а седум на Кентавиус Колдвел Поуп, а двајцата шутнаа по десетпати.

„Кралот“ Џејмс средбата ја заврши со 34 поени што е негов сезонски рекорд. Кај Елените, суперѕвездата Јанис Адетокумбо уфрли 25 поени, но имаше и девет загубени топки.

Голден стејт покажа дека е чудна екипа, сезонава го победи првакот ЛА лејкерс, а синоќа загуби со 104-119 од Њујорк никс. Јута го совлада Њу Орлеанс во меч на кој Донован Мичел стана НБА-рекордер по брзината со која дошол со 600 тројки во кариерата. Мичел досега има одиграно 240 меча.

Ова е тројката со која Леброн Џејмс дефинитивно го скрши отпорот на Милвоки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести