Леброн Џејмс: Чувствувам страшни болки!

Актуелниот НБА шампион Лос Анџелес лејкерс и во пресрет на новата сезона е меѓу главните кандидати за титулата. Ноќеска започнуваат предсезонските дуели, а Лејкерс во првиот меч игра против градскиот ривал Клиперс. Првата ѕвезда во тимот, Леброн Џејмс, неодамна го продолжи договорот до 2023 година, а сега пред почетокот на долгата сезона, најави дека не се чувствува најдобро и дека паузата меѓу двете сезони била многу кратка.

„Искрено не очекував дека новата сезона ќе започне толку брзо. Мислев дека тоа ќе биде кон средината на јануари и дека ќе имаме можност Божиќ да го поминеме со своите семејства“, вели Леброн, кој потоа додаде дека не се чувствува подготвен за стартот.

„Чувствувам ужасни болки во телото. Само што започнавме со тренинзите, но оваа болка е дел од мене во текот на целата кариера. Не ги чувствував овие болки само во првата и евентуално втората сезона од кариерата“, призна Џејмс.

Леброн во НБА кариерата има одиграно 1.265 меча и само еднаш се случило да не биде стартер. Тоа беше во 2007 година кога како повратник од повредата, започна од клупата во тимот на Кливленд.

 

- Оглас -

Најнови вести