Легендарниот НБА кошаркар Леброн Џејмс одлучи летово да ги напушти Лос Анџелес Лејкерс, но тоа не значи и крај на неговата трофејна кариера.
Леброн лично ја потврди оваа одлука и ја соопштил на раководството на Лејкерс. Според секогаш добро информираниот „ЕСПН“, Џејмс ја известил франшизата дека може да продолжи без него и да ги започне подготовките за новата сезона.
Од друга страна, ова не значи крај на кариерата на „Кралот Џејмс“. Напротив, тој ќе одигра најмалку уште една сезона во НБА лигата, а како негова следна дестинација најсериозно се споменуваат Голден Стејт Вориорс.
Така, Леброн следната сезона ќе испише историја, бидејќи ќе ја одигра својата 24-та сезона во НБА лигата, но не во дресот на Лејкерс, во кој навивачите се навикнаа да го гледаат во последните години.
41-годишниот Џејмс можеше да избере да остане и деветта сезона во Лејкерс или да стави крај на кариерата како еден од најголемите кошаркари на сите времиња. Наместо тоа, ќе избере нов клуб, кој најверојатно ќе биде и последниот во неговата богата кариера.
Во својата кариера Леброн Џејмс освои четири шампионски титули во НБА и четири признанија за најкорисен играч (МВП). Се очекува наскоро да го започне последното поглавје од својата богата и трофејна кариера.

