Леброн Џејмс официјално се раздели од ЛA лејкерс по цели осум години, но не планира да ја заврши кариерата ниту на 42-годишна возраст.
Сега останува прашањето каде ќе ја продолжи кариерата, а според пишувањата на локалниот „Денвер Пост“, кој се повикува на извори од лигата, тој би можел да стане соиграч на Никола Јокиќ во Денвер нагетс.
Според истите информации, Нагетс покажале сериозен интерес и веќе воспоставиле контакт со Леброн Џејмс.
Леброн е четирикратен НБА шампион со три различни тима и можеби ќе се обиде да дојде до својот последен прстен токму со помош на Јокиќ, на кого одамна му е потребна дополнителна поддршка во борбата за титула.

