Леброн Џејмс: Мразам да гостувам во Бостон, таму навивачите се расисти

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, и актуелен член на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, даде контроверзна изјава со која ги навреди љубителите на кошарката од градот Бостон.

Џејмс го прашаа во која сала не сака да игра, и веднаш одговори Бостон.

„Мразам да играм таму, затоа што тие се еб… расисти. Еднаш ме гаѓаа со шише од пиво додека го напуштав теренот, скандираат лично против мене, а жена ми ги слуша, имаат маици со напишани навреди кон мене, веројатно такви маици се продаваат во фан шопот на Селтикс“ – рече Џејмс.

Следното лето Леброн е слободен играч, а после ова, Бостон селтикс може слободно да се прецрта од листата на потенцијални купувачи. Џејмс 25 пати гостувал во Бостон во мечеви од регуларна сезона, и билансот му е 11-14.

Интересно е што Џејмс има дел од акциите на бејзбол тимот Бостон ред сокс, и којзнае тие како ќе ја прифатат изјавата дека фановите во Бостон има расисти.

- Оглас -

Најнови вести