3.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Леброн Џејмс поради ишијас ќе го пропушти стартот на новата НБА сезона

Кошаркарската НБА-ѕвезда Леброн Џејмс ќе го пропушти почетокот на својата 23-та сезона поради ишијас. Веста ја објавија бројни американски медиуми, повикувајќи се на вработените во неговиот тим Лос Анџелес лејкерс.

Четириесетгодишниот Џејмс има проблеми со ишијас на десната страна на грбот и, според „ЕСПН“, повторно ќе оди на лекарски преглед за три до четири недели.

Поради тоа ќе го пропушти почетокот на сезоната и гостувањето на Лејкерс против Голден стејт вориорс на 21 октомври.

Џејмс вчера не присуствуваше на тренингот на тимот, откако не играше ни на двата први пријателски натпревари, кои исто така ги пропушти и Лука Дончиќ.

Четирикратниот НБА-шампион и рекордер по број на поени во историјата на лигата сè уште не го одредил датумот на завршување на својата извонредна и долга кариера, иако во декември ќе наполни 41 година.

„Без разлика како ќе се развиваат работите, многу сум посветен бидејќи не знам кога сè ќе заврши. Иако крајот е блиску. Пламенот ја одржува жива мојата љубов кон играта, која останува непроменета, како и мојата страст кон тренинзите, која сè уште е недопрена“, објасни Џејмс крајот на септември.

- Оглас -

Најнови вести