Леброн Џејмс во центарот на секс-скандал, инфлуенсерка тврди дека ѕвездата на Лејкерс ја изневерува сопругата

Американската инфлуенсерка Софија Френклин, која на „Инстаграм“ има речиси 800.000 следбеници, јавно го обвини еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, дека ја изневерува сопругата.

Френклин во разговор со пејачот на групата Марун 5, Адам Левин, откри шокантни детали за ѕвездата на ЛА лејкерс.

„Немој да бидеш глупав Адам, знаеш како одат работите. Никогаш не сум била повикана на такви забави, но затоа биле моите пријателки. Телохранители на познати личности ќе дојдат до девојките и ги прашуваат дали сакаат да одат со нив дома или на некое друго место. Потоа девојките ќе потпишат договор за тајност за ништо да не излезе во јавност. Исто ср**е е и со Леброн. Постојано организира забави на кои се потпишуваат договори за тајност. Зарем не знаеш дека Леброн не ѝ верен на сопругата“, рече Софија Френклин.

Нејзините обвинувања предизвикаа бура во јавноста, навивачите застанаа на страна на НБА-ѕвездата и ја обвинија инфлуенсерката дека измислува работи само за да добие поголема популарност.

Леброн Џејмс е во брак со Савана, која е негова љубов уште од средношколските денови. Тие се во брак од 2013 година и имаат два сина и една ќерка.

- Оглас -

Најнови вести