Леброн е лут што не ја доби МВП наградата

Втора година во низа Јанис Адетокумбо ја доби наградата МВП на НБА лигата за регуларниот дел од сезоната, а според гласовите зад него беше Леброн Џејмс.

По триумфот над Денвер на стартот од западната финална серија, Кралот имаше што да каже околу гласањето за МВП наградата, не криеше дека е лут.

„Мојот искрен одговор е дека сум лут. Лут сум бидејќи од 101 гласови за прво место јас добив само 16. Не дека Јанис не ја заслужи наградата, но лут сум. Некои работи се надвор од моја контрола, јас не дојдов во лигата со умисла да освојувам МВП награди или само титули, туку сакав како играч да се надоградувам секој ден. Но, ова гласање навистина ме налути“, истакна Џејмс, кој во регуларниот дел од сезоната бележеше просек од 25,3 поени, 10,2 асистенции и 7,8 скока по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести