Леброн доби една од најврелите „банани“ во кариерата (Видео)

Леброн Џејмс продолжува да реди трипл-дабл учиноци, но овојпат тој не беше зачинет со победа. Лос Анџелес лејкерс на свој терен загуби од актуелниот првак Торонто, а Џејмс заврши со 13 поени, 13 скока и 15 асистенции. Како ретко кога, Џејмс на крајот имаше повеќе асистенции од поени, но причина за тоа е одличната одбрана која Рептилите ја имаа врз најдобриот играч на Лејкерс.

Едноставно, Џејмс постојано имаше по двајца играчи околу себе кога сакаше да шутира. Во еден од клучните напади на мечот, кога Лејкерс се обидуваше да го достигне водството на гостите, Џејмс беше под кошот на Торонто, се обиде да погоди, но тогаш ја доби една од најатрактивните блокади во кариерата. Паскал Сијакам скокна и буквално ја смечуваше топката која наместо во кошот, заврши како контранапад за Торонто.

 

- Оглас -

Најнови вести