Леброн ја знае секоја педа на теренот – Моќна e асистенцијата за Хауард (Видео)

Леброн Џејмс ја има асистенција на денот во НБА-програмата со шест меча, а неговото додавање од зад грб и меѓу нозе за Двајт Хауард изгледа спектакуларно. Центарот на Лејкерс само го зачини прекрасното додавање со моќно забивање.

Кралот Џејмс уште еднаш покажа дека секогаш има контрола на теренот и ја познава секоја педа, па неговата игра изгледа едноставна и забавна. Постигна 32 поени и беше прв стрелец на мечот против Атланта што Лејкерс го добија со 101:96, а имаше и 7 асистенции меѓу нив, и таа за Хауард, и додаде и 13 скока.

Лејкерс со 24 победи и само три порази се лидери во Западната конференција и водат мртва трка засега со Милвоки бакс, кои имаат ист биланс за лидерската позиција во Лигата.

- Оглас -

Најнови вести