Леброн не игра вечерва за Лејкерс, ама кај Хјустон изгледа ќе го нема Вестбрук

Леброн Џејмс ќе го прескокне вечерашниот меч на Лос Анџелес против со Хјустон рокетс, но најавите се хендикепирани ќе бидат и Ракетите, со неиграњето на Расел Вестбрук. Џејмс има проблеми со десната препона, и нема да се појави на паркетот утрово во 3 часот кога почнува дербито помеѓу двете западни екипи. Во клубот кој е прв носител на Западот, решија да го поштедат, многу попотребен ќе им биде Џејмс во плејофот.

Сепак, ако сте се обложиле на победа на Лејкерс, не очајувајте. Кај Хјустон се најавува дека нема да игра Расел Вестбрук, и за нив тоа е голем хендикеп, сличен како тој на Езерџиите. Вестбрук има проблеми со десниот квадрицепс. Тој сезонава има просек од 27,4 поени, 8 скока и 7,1 асистенции по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести