Леброн подлабоко во шоу-бизнисот: Снима уште еден филм со позната холивудска ѕвезда

Од поодамна е познато дека Леброн Џејмс го наследи Мајкл Џордан во продолжението од „Спејс џем“, популарниот анимиран филм со Душко Долгоушко, чија премиера е закажана за 16 јули 2021 година, но Кралот не застанува таму кога е во прашање шоу-бизнисот.

Првата ѕвезда на ЛА лејкерс во соработка со платформата и филмското студио „Нетфликс“ ќе прави филм за кошарка во кој главна улога ќе биде холивудската ѕвезда Адам Сендлер. Филмот ќе се вика Hustle, во кој популарниот комичар Сендлер ќе ја има улогата на кошаркарски скаут кој добил отказ од НБА-лигата, но се обидува да се врати назад така што наоѓа талентиран кошаркар надвор од САД и со сите напори го турка перспективниот играч да заигра во најсилната кошаркарска лига.

Се чини дека Леброн со многу успех ги остварува плановите поради кои се пресели во Калифорнија. Покрај тоа што е во офанзива на шампионски прстен со Езерџиите, постепено се продлабочува во Холивуд. Пред неколку години се појави во филмот Trainwreck, додека го позајми гласот во анимираниот филм Smallfoot.

- Оглас -

Најнови вести