Леброн ѝ се враќа на „шестката“ (фото)

ЛА лејкерс потврди дека Леброн Џејмс во следната сезона ќе го носи бројот 6 на дресот. Популарниот Крал овој број го носеше додека играше за Мајами хит, со кои освои два од четирите шампионски прстени во НБА, а исто така „шестката“ ја носеше во репрезентацијата на САД, со која двапати го освои златото на Олимписките игри во Пекинг и Лондон.

Џејмс на овој начин се обидува да имитира нумерична транзиција, каква што имаше покојната легенда Коби Брајант. Коби во половина од својата кариера настапуваше со бројот 8, а потоа го смени во 24, меѓутоа остана истиот виртуоз и успеа да го комплетира сетот од пет титули во НБА.

Езерџиите имаа разочарувачка сезона, во која одбраната на титулата им заврши неуспешно уште во првата рунда од разигрувањата, па со смената на бројот Леброн верува дека може да го врати шампионскиот сјај во Лос Анџелес.

- Оглас -

Најнови вести