Леброн собра сили и напиша порака по повод смртта на Коби

Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар на денешницата, конечно реши да даде изјава по повод смртта на Коби Брајант. Џејмс и Брајант беа добри пријатели, а токму последниот статус на социјалните мрежи Коби го посвети на ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс. Леброн во саботата вечерта успеа да го надмине Коби на третото место на вечната листа на стрелци во НБА-лигата.

За несреќата во која загинаа Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиџи, Леброн разбрал додека бил во авион и летал со тимот враќајќи се од гостувањето кај Филаделфија. Кога излезе од авионот, Џејмс не можеше да престане да плаче.

По повеќе од 24 часа од смртта на Брајант, Леброн реши да се јави со свој статус на социјалните мрежи.

„Не сум спремен, но ете. Човече седам тука и се обидувам да напишам нешто, но секојпат кога почнувам, плачам мислејќи на тебе, на Џиџи на пријателството/братството кое го имавме. Го слушнав твојот глас во неделата наутро пред да се качам во авионот од Филаделфија за Лос Анџелес. Не ни можев да замислам дека тоа ќе биде нашиот последен разговор. Скршен сум и уништен брате мој. Те сакам поголем брату. Моето срце е со Ванеса и децата. Ветувам дека ќе продолжам таму каде што застана ти. Толку многу им значеше на сите во Лејкерс и моја одговорност е да го облечам дресот и да продолжам. Те молам да ми дадеш сила и да ме гледаш некаде од небото. Ќе ги чувам сите тука долу. Уште многу работи сакам да ти кажам, но не можам сега. Едноставно не можам. До нашата следна средба поголем брату…“, напиша Леброн Џејмс на својот инстаграм-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести