Вечно млада и на врвот е Алисон Феликс – Ја истрча последната трка со медал и постави апсолутен рекорд во атлетика

Американката Алисон Феликс ја истрча последната трка во кариерата, освои бронзен медал на 4 пати по 400 метри штафета и постави апсолутен рекорд на Светските првенства во атлетика.

За 36-годишната легендарна атлетичарка ова е 19-ти медал на Светските првенства, а периодот од првиот медал и овој сега што според најавите го освои во последната трка во кариерата е 17 години, што е најдолг период во историјата на Мундијалите во атлетика.

Алисон освојуваше медали на 8 Светски првенства, а во трката на 4Х400 метри штафета сепак мораше да им честита на атлетичарките на Доминиканската република кои го освоија златото.

Холандија беше втора, а САД трети. Први медали на шампионатот освоија и Перуанката Кимберли Леон и Тошиказу Јаманиши во брзо одење на 20 километри.

- Оглас -

Најнови вести