Легенда е мал збор за него: Кошарката го слави 42-от роденден на Коби (видео)

Пред околу седум месеци, кошаркарскиот, но и спортскиот свет загуби икона, великан и идол на сите генерации кои уживаа гледајќи го. Коби Брајант денес требаше да го слави 42-от роденден, но кобниот 26 јануари го одзеде животот на виртуоз каков што тешко дека повторно ќе се појави на паркетите.

Брајант е роден на денешен ден во 1978 година во Филаделфија, но неговиот дом беше Лос Анџелес. Цела своја кариера, точно 20 години Коби ги бранеше боите на Лејкерс. Црната мамба од најмладиот дебитант во историјата на НБА лигата, прерасна во заштитен знак на Градот на Ангелите. Се спомнуваше Лејкерс, се мислеше на Коби.

Од вкупно 16 титула на Езерџиите, Брајант донесе дури пет од нив. Пружи незаборавни партии, од неговите 81 поен против Торонто, до последниот меч во кариерата и маестралните 60 поени против Јута Џез во „Стејплс центарот“ во април 2016 година.

Коби се роди на денешен ден пред 42 години, но тој не умре. Неговиот живот и блескавата кариера  ќе се паметат, бидејќи легендите живеат вечно.

- Оглас -

Најнови вести