Легенда на Барселона е нов тренер на Еспањол

Абелардо Фернандес е нов тренер на Еспањол, а договорот му е до крајот на сезонава. Абелардо е третиот тренер на тимот сезонава и целта ќе му биде да го избегне испаѓањето на моментно последнопласираниот на табелата во шпанското првенство.

Абелардо е роден во Хихон, играчката кариера ја почна во Спортинг, од каде што премина во Барселона и кај Каталонците остана цели осум години. За Барса има 178 настапи, а кариерата ја заврши во Алавес во 2003. Како тренер, посериозни ангажмани му беа во Спортинг Хихон од 2014 до 2017 година и во Алавес од преклани до крајот на минатата сезона.

Првиот тренинг со екипата на Еспањол, Абелардо ќе го има на 30 декември. Абелардо е специјалист да спаси тимови од испаѓање, и со Спортинг и Алавес успеа да избори опстанок во Примера, иако кога ги презеде, тие беа заглавени на дното.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести