Легенда на Челзи се кандидира за претседател на фудбалска федерација

Дидие Дрогба, легендата и еден од најдобрите играчи на Челзи во клупската историја, поднесе кандидатура за претседател на Фудбалската федерација на Брегот на Слоновата Коска. Миленикот на Сините бил во дилема пред да се наметне како кандидат бидејќи добил понуда од Челзи да се врати во клубот за да го изучува тренерскиот занает, а таква најава имаше по ангажманот на Френк Лампард.

Сепак, љубовта кон родната земја и желбата да помогне во развојот на најпопуларниот спорт во БСК е многу поголема, па затоа Дрогба смета дека го прави вистинскиот потег.

Дрогба не е само миленик на Челзи, него буквално го сметаат за национален херој. Само неколку години откако го оствари трансферот од Марсеј во Челзи, Дрогба вложи голем дел од своите примања за да стави крај на граѓанската војна. Во меѓувреме, тој редовно инвестира во училишта и болници, севкупно во инфраструктурата на државата.

 

- Оглас -

Најнови вести