Легендарниот бек има свој фаворит за Златната топка

Нема сомнежи дека Трент Александер-Арлонг прераснува во фудбалска ѕвезда и миленик на навивачите на Ливерпул. Како дете од школата на Црвените тој се наметна во составот на Јирген Клоп и веќе две сезони е незаменлив на десната бековска позиција. Наскоро Трент може да биде и стандарден првотимец на англиската репрезентација, без разлика што има само 21 годинa.

Квалитетот и потенцијалот на Арнолд го потврди и легендарниот бразилски десен бек Кафу, кој во својата кариера освои бројни трофеи со Милан, а беше важна алка во златната генерација на Кариоките која во 2002 година доминираше на Мундијалот до петтата светска титула.

„Без сомнежи Трент е еден од најдобрите фудбалери на своја позиција. Поседува огромен потенцијал, а со неговата игра покажува дека има бразилски инстинкт. Ако можам да му дадам совет, тоа е да продолжи со ова темпо. Воедно сметам дека поседува сè што е потребно да ја освои Златната топка во иднина. Луѓето мора да разберат дека дефанзивците се еднакво важни во фудбалот како и напаѓачите“, изјави Кафу.

Оваа сезона Александер-Арнолд е втор најдобар асистент во Премиер лигата со 10 наместени погодоци, повеќе од него има само Кевин Де Бројне (15), додека во сите натпреварувања одличниот Англичанец намести 12 гола на вкупно 35 дуели.

- Оглас -

Најнови вести