Легендарниот Французин е нов селектор на Косово

Косовската фудбалска репрезентација од денеска и официјално има нов селектор. Некогашниот прославен француски фудбалер, а сега тренер, Алан Жирес прифати да биде предводник на Косово.

Жирес како фудбалер во професионалниот фудбал беше активен од 1970 до 1988 година, а играше само за два клуба и тоа Бордо и Олимпик Марсеј. Одигра преку 600 меча во кариерата и постигна над 160 погодоци.

Беше дел и од златната француска генерација која во 1984 година стигна до златото на Европското првенство.

Како тренер започна во 1995 година и тоа во тимот на Тулуз. Од 2004 година работи само како селектор и ги предводен репрезентациите на Грузија (2004-2005), Габон (2006-2010), Мали (2010-2012), Сенегал (2013-2015), Мали (2015-2017), Тунис (2018-2019 година) и сега ја започнува авантурата во Косово.

 

- Оглас -

Најнови вести