Легендарниот Хаџи и на 57 години покажа перфекција во мечот на многуте ѕвезди (Видео)

На стадионот во Клуж гледачите беа дел од мечот на кој од фудбалот се прости Адријан Муту. Романскиот фудбалер, кој им 43 години, уште во 2016 година стави крај на активната кариера, но сега се организира спектакуларен натпревар во негова чест.

Играат комбинираната репрезентација на Романија против селекцијата на светот составена од некогашни познати фудбалери. Во дресот на Романија прва ѕвезда беше Георге Хаџи, кој има 57 години, но покажа дека класата е вечна.

При првиот гол на Романија, Хаџи испрати одлична топка кон Муту, а славеникот погоди.

Средбата на крајот заврши нерешено 3:3, а на теренот продефилираа фудбалери како Паоло Канаваро, Томаш Ујфалуши, Клод Макелеле, Рикардо Монтоливо, Џими Флојд Хаселбенк, Лука Тони, Давид Трезеге, Фернандо Коуто, Алберто Џилардино и многу други.

По мечот, илјадници навивачи влегоа на теренот за да се фотографираат со Муту и останатите ѕвезди.

- Оглас -

Најнови вести