Легендарниот Капело нема дилеми: Анчелоти е најдобар италијански тренер на сите времиња

Карло Анчелоти стана првиот стратег во фудбалот кој успеал да освои титула во сите пет најсилни национали шампионати, а во својата богата колекција има и четири титули во Лигата на шампионите, со што е рекордер.

Фабио Капело, кој што исто така има завидна тренерска кариера, нема дилеми за тоа кој е најдобар италијански стратег на сите времиња.

„Иако Италија е преполна со тренерски легенди, за мене Карло Анчелоти е најдобриот стратег од оваа земја.

Секоја чест на Ариго Саки, Марсело Липи, Џовани Трапатони, па вклучувајќи ме и мене за тоа што имаме направено, но сметам дека Анчелоти е број еден на сите времиња“ изјави Капело.

Со победата на Реал против Селтик, Анчелоти стигна до бројката од 100 победи во Лигата на шампионите, а потребни му се уште две за да го стигне рекордот на Ариго Саки кој е на првото место по бројот на победи како италијански стратег во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести