Легендарниот напаѓач на Шахтар загина за време на руските напади во Украина

Фудбалскиот украински гигант Шахтар Доњецк информираше за смртта на нивниот легендарен напаѓач Владимир Роговски. Фудбалерот кој го носеше дресот на Шахтар во периодот од 1975 до 1982 година ќе остане запамтен како стрелец на првиот гол за Шахтар во европските натпреварувања.

Роговски загинал за време на руската опсада над градот Херсон. Прославениот фудбалер кој одигра 224 меча за Шахтар постигна 25 погодоци. имаше 69 години.

 

- Оглас -

Најнови вести