Легендата го напушта Реал Мадрид и се враќа во клубот од детството

Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело, по крајот на оваа сезона, ќе се врати во тимот во којшто ја започна својата кариера, Флуминенсе.

Сега веќе легендата на Кралскиот клуб, беше еден од најдобрите поединци од 2007 година, кога за првпат пристигна во овој тим, а ќе го напушти со 22 трофеи, од кои четири се во Лигата на шампионите.

Марсело кариерата ќе ја продолжи таму каде што ја започна, а тоа е во редовите на бразилскиот великан Флуминенсе.

Тој целосно падна во втор план кај Карло Анчелоти и речиси не добива никаква минутажа.

За Реал, тој досега одигра 375 натпревари, а беше стрелец на 26 гола.

- Оглас -

Најнови вести