Легендата која почна да игра фудбал дури откако заврши факултет, најави повлекување

Јапонскиот фудбалер Кенго Накамура, кој има 40 години, објави дека по завршувањето на сезонава во Џеј-лигата, ќе ја заврши својата 18-годишна фудбалска кариера. Накамура е познат по тоа што многу доцна почна да игра фудбал, дури по дипломирањето на факултет, но тоа не го спречи да биде успешен.

Накамура имаше 68 настапи за репрезентацијата, со која на Мундијалот во Јужна Африка во 2010 година дојде до осминафиналето. Целата клупска кариера ја мина во клубот Кавасаки фронтале. Во 2016 година, како 36-годишен, Кенго беше МВП на јапонското првенство.

„Кога имав 30 години, планирав да се повлечам на 35. Кога наполнив 35, се договорив со жена ми да играм додека можам, а планот ми беа уште пет години. Еве сега на 40 години велам доста е“ – рече Накамура кој уште е важен играч во тимот кој оди кон трета титула.

Сезоната во Јапонија ќе заврши за два месеца.

- Оглас -

Најнови вести