Легендата му порача на Јунајтед: Чувајте ни го Дони

Дони ван де Бек од вчера и официјално стана член на Манчестер јунајтед по комплетирањето на трансферот од редовите на Ајакс. 

Холандскиот играч за врска со напуштањето на матичниот клуб, ја наполни касата со 45 милиони евра, а еден од оперативците на Копјаниците, Едвин ван дер Сар, кој е легенда на Јунајтед и одигра голема улога во овој трансфер, му порача на поранешниот клуб да се грижи за неговиот помлад сонародник.

„Жал ни е што еден од нашите најдобри таленти нè напушта, но јасно ни е дека неговиот сон мора да продолжи. А, има ли поубаво место од „Театарот на соништата“ за остварување на фудбалските соништа. Јас од искуство знам дека нема. Затоа, ве молиме да ни го чувате Дони и да му помогнете да продолжи да сонува. Уживајте во иднината“, напиша Ван дер Сар во писмото кое го испрати до таборот на Црвените ѓаволи.

Еден од најуспешните холандски претставници на фудбалот, Ван дер Сар стана легенда и на Ајакс и на Јунајтед во играчката кариера. Мина цели шест години на „Олд Трафорд“, каде што се закити со 10 трофеи, меѓу кои четири се титули во Премиер лигата, како и трофејот во Лигата на шампионите

- Оглас -

Најнови вести