Нил Радок, легендата на Ливерпул, бил уапсен на аеродром поради тероризам!

Некогашниот дефанзивец на Ливерпул и англиската репрезентација Нил Радок во 1994 година бил уапсен на лондонскиот аеродром „Хитроу“ за тероризам, откако на царинска службеничка ѝ рекол дека во торбите има две автоматски пушки и 30 бомби. Жената не ја сфатила шегата и го стиснала копчето за „паника“, сирените низ аеродромот почнале да свират, па Радок бил приведен.

Во неговото приведување учествувале десетмина вооружени полицајци. А, всушност некогашниот фудбалер познат по грубата игра, поради што го викаа Брич, бидејќи противниците ги сечеше како со жилет, сакал само да се пошегува. Ливерпул требало да отпатува во ЈАР на пријателски мечеви.

Радок објаснувал дека е фудбалер, а не терорист. Но, го натерале да се соблече, да мине низ детектор за метал и бил испрашуван од полицијата. Ова е раскажано во книгата „Според Бричот“, каде што тој признава дека тогашниот менаџер на Ливерпул, Рој Еванс, ги молел полицајците да го ослободат Радок.

Радок сега има 52 години и е тежок околу 150 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести