Легендата на Милан се враќа на „Сан Сиро“ да помогне за враќање на гигантот на славните патеки

Легендарниот хрватски репрезентативец и некогашен играч на Милан, Звонимир Бобан, потврди дека си заминува од позицијата заменик генерален секретар во ФИФА, за да биде претседател на фудбалските оперативни задачи кај „росонерите“. Бобан како играч помина една деценија во дресот на Милан. Во периодот од 1991 до 2001 година, со Милан освои четири титули во Серија А, три во Суперкупот на Италија и по една во Лигата на шампиони и Суперкупот на Европа.

Бобан вели дека едноставно не можел да ја одбие понудата од Милан, кој го смета за негово семејство.

„Клубот Милан, градот Милано и Италија се дел од моето семејство. Значи, се враќам на моето семејство, во Милан. Имам голема желба да му помогнам на мојот славен клуб, да го вратиме таму каде што му е местото. Поминав три прекрасни години во ФИФА и Цирих и Швајцарија засекогаш ќе имаат посебно место во моето срце“, изјави Бобан по официјалното заминување од Светската куќа на фудбалот.

Во последниве неколку сезони Милан е далеку од желбите на навивачите. Тимот не само што не освојува трофеи, туку не може да се пласира ниту во Лигата на шампионите. Сезонава Милан ќе игра во Лигата на Европа, а Бобан најавува дека во следните сезони мора „росонерите“ да се вратат на старите шампионски патеки.

 

- Оглас -

Најнови вести