Легендата си заминува: Откако првпат победи по 14 месеци, најави и крај на кариерата

Серена Вилијамс ги има последните мечеви од тениската кариера. Тенисерката која во изминативе 20-тина години доминираше со 23 освоени гренслем-титули, најави дека ќе се пензионира по завршување на гренслем-турнирот во САД.

„Доаѓа момент во животот кога треба да одлучите да се движите во друга насока. Секогаш е тешко за таква одлука кога сакаш нешто толку многу. Боже мој, јас уживам во тенисот. Но, одборјувањето започна. Морам да се фокусирам да бидам мајка. Ќе уживам во следните неколку тениски недели“, напиша Серена во својата објава.

Серена Вилијамс моментно игра на ВТА-турнирот во Торонто, каде што победи во првото коло и тоа беше нејзин прв триумф на ваков силен турнир по пауза од 14 месеци.

- Оглас -

Најнови вести