Легендите Линекер, Кол, Ширер и Ричардс едногласни: Поништениот гол на Хрватска е една од најлошите одлуки во историјата на СП

Хрватска жали што трето Светско првенство по ред не упсеа да стигне до медал. По среброто на СП 2018 и бронзениот медал на Мундијалот во Катар во 2022 година, Хрватска сега го заврши настапот на планетарниот собир уште во 16-финалето.

Коцкестите беа елиминирани од Португалија со 2:1, а многу контроверзии предизвика поништениот гол на Хрватска во 90+13 минута кој требаше да биде за израмнување на 2:2. Сензорот кој е вграден во топката детектирал дека Игор Матановиќ со прамен од косата ја допрел топката и тоа било доволно да се досуди офсајд и да се поништи погодокот на Јожко Гвардиол.

Оваа одлука на ВАР арбитрите и технологијата која се користи во фудбалот, предизвика многу реакции кај многу познати некогашни фудбалери.

„Речено беше дека ВАР системот нема многу да се меша, а јас тврден дека ќе им биде досадно и дека тоа ќе го стават да биде во преден план. Човече, леле човече колку само се вмешаа. Утврдија дека Матановиќ ја допрел топката, иако јасно се гледа дека таа воопшто не го променува правецот на движење“, реле легендарниот Гари Линекер.

Џо Кол вели дека очекувал погодокот да биде признат. “Мислев дека погодокот ќе биде признат. Ова е една од најлошите судиски одлуки во историјата на светските првенства. Неверојатно“, рече Кол.

Сличен став има и Мика Ричардс, кој потенцираше дека повеќе пати ја гледал спорната ситуација и не забележал ништо нерегуларно. „Треба да збориме за јасна и видлива грешка, но тука ништо не е ни јасно ни очигледно погрешно. За мене е смешно да се поништи гол во таква фаза од натпреварот“, реагираше Ричардс.

Спорната ситуација која предизвика многу реакции може да ја видите ТУКА.

 

 

- Оглас -

Најнови вести