Лејкерс без повредениот Дејвис, пак загуби од Бруклин

Бруклин нетс славеше и во вториот претсезонски меч против ЛА лејкерс со 91:77. Иако тимот на Бруклин не сметаше на услугите на Кајри Ирвинг, кој одлучи да не настапи, повторно ги откри ранливите сегменти на втората најтрофејна франшиза, откако пред два дена триумфираше со 114:111.

Езерџиите во првото полувреме го загубија Ентони Дејвис. Веѓата се здоби со повреда на палецот од десната рака и не беше во можност да ја доигра средбата, што беше дополнителен проблем во поразот.

Карис Левер ги предводеше Нетси со 22 поени и пет асистенции, додека Принс заврши со ефикасни 14 поени. Бредли беше најрасположен од составот на Лејкерс со 14 поени, додека Леброн Џејмс за 12 минути запиша скромни шест поени и три скока.

 

- Оглас -

Најнови вести