Лејкерс чекаше десет години, и дочека (Видео)

Лос Анџелес лејкерс ја совлада Јута џез со 116-108, и си го обезбеди првото место на Западот во НБА лигата. Помина цела откако за последен пат Лејкерс беше прв носител во својата конференција, но годинава тоа нема да им донесе домашна предност во плејофот.

Најзаслужен за триумфот над Џез беше Ентони Дејвис со 42 поени и 12 скока. Леброн Џејмс беше блиску до трипл-дал и заврши со 22 поени, девет асистенции и осум скока. Кај Јута, само тројца кошаркари имаа двоцифрен број на поени и тоа Мичел со 33, Конли со 24 и Гобер со 16, собирајќи и 13 скока.

Њу Орлеанс пеликанс беше подобар од Мемфис со 109-99, а Зајон Вилијамсон имаше 23 поени за 25 минути игра, и најави дека е фаворит за дебитант на сезоната. Пеликаните уште се во трка за плејофот, бидејќи Сан Антонио загуби од Филаделфија со 130-132. Шејк Милтон погоди клучна тројка за 76-ките на 6,1 секунди до крајот.

Денвер по продолжение го надигра Оклахома сити со 121-113, а јунак на средбата беше Мајкл Портер џуниор со личен рекорд од 37 поени (просекот му е 7,5 поени, а претходен рекорд му беа 25 поени), имаше и 12 скока, додека Никола Јокиќ придонесе со 30 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Ова е тројката со која Филаделфија го победи Сан Антонио:

- Оглас -

Најнови вести