Лејкерс донесе играч кој веќе бил шампион заедно со Леброн Џејмс

Џеј Ар Смит ќе го носи дресот на Лос Анџелес лејкерс до крајот на сезоната. Искусниот 34-годишен кошаркар е познат по своите квалитети во дефанзива и сигурно ќе биде многу корисен во трката за освојување на титулата.

Џеј Ар Смит знае како е да се освои трофејот во НБА во тандем со Леброн Џејмс затоа што тие заедно играа во Кливленд кавелирс во сезоната 2015/16, кога станаа и шампиони во најсилната кошаркарска лига во светот.

Доведувањето на Смит е принудно решение за Лејкерс откако нивниот играч Авери Бредли одби да ја доигра сезоната која веќе три и пол месеци е во прекин поради опасниот корна-вирус. Сите оние играчи кои ќе одбијат да ја продолжат сезоната, само нема да го добијат делот од платата за преостанатиот дел од сезоната, а ќе може да доведат нов играч.

Искусниот Смит нема играно уште од почетокот на сезоната 2018/19, кога одигра само 11 меча за Кливленд и се повреди. Последната цела сезона која ја има одиграно Џеј Ар е 2017/18, кога за 80 меча, имаше просек од 8,3 поени и 2,9 скока по меч.

Според планот на НБА-лигата, сите клубови кои ќе ја продолжат сезоната во периодот од 7 до 9 јули ќе треба да пристигнат во Орландо, а од 30 јули ќе продолжат и натпреварите во „Дизни центарот“ на Флорида. Лејкерс во првиот меч треба да игра против градскиот ривал ЛА клиперс.

- Оглас -

Најнови вести