Лејкерс на гости е незадржлив – победи по 14-ти пат во низа

Леброн Џејмс и друштвото покажаа дека се способни да победат и во меч на којшто имаат очајна шутерска прецизност. На гостувањето кај Атланта, Лос Анџелес лејкерс победи со 101:96, во меч кој беше решен во последната минута. За Лејкерс ова беше 14-та победа по ред на гостински терен, што е неверојатна низа.

Атланта има само шест победи во 27 меча, но малку фалеше да го изненади големиот фаворит. Лејкерси шутираа само со 16,1 отсто прецизност од ударите за три поени, погодувајќи само пет пати од 32 шута. Леброн даде четири тројки, еднаш прецизен беше Рондо, а останатите играчи заедно утнаа 11 пати по ред.

И во една ваква ситуација, Лејкерс победи, а Џејмс беше најефикасен со 32 поени, 13 скока и 7 асистенции, додека Ентони Дејвис додаде 27 поени и 13 скока.

Во останатите мечеви кои се играа: Бруклин – Филаделфија 109:89, Денвер – Њујорк 111:105, Голден стејт – Сакраменто 79:100.

- Оглас -

Најнови вести