Лејкерси се вратија во Лос Анџелес со шампионскиот пехар (Видео)

Тимот на Лос Анџелес лејкерс се врати дома со пехарот наменет за НБА-шампионот, кој го освоија во „меурот“ во Орландо, поточно во комплексот Светот на Дизни, каде што се доигра сезоната во НБА-лигата.

Езерџиите на аеродромот во Лос Анџелес беа пречекани од група навивачи кои одвај чекаа да го видат трофејот. За Лејкерс ова е 16-та титула првак на НБА и прва по пауза од десет години.

Од клубот порачаа дека планираат одржување и на шампионска парада низ улиците на Лос Анџелес, но нема конкретен датум кога таа парада би се одржала. Целата работа зависи од градските и здравствените власти. Инаку полицијата уапси 76 агресивни и насилни лица кои дивееле при прославата на титулата.

- Оглас -

Најнови вести