Лекарите бараат прекин на Премиер лигата!

Англиската Премиер лига го доживува својот „пик“ на заразени од корона-вирусо. На тестирањата од 21 до 27 декември имало 18 позитивни и тоа е рекорд откако почнаа тестирањата. Одложен беше мечот Евертон – Манчестер сити бидејќи кај Граѓаните има заразени играчи (Кајл Вокер и Габриел Жезус) и двајца членови на стручниот штаб, Сити веројатно нема да игра ни со Челзи на 3 јануари, ниту три дена подоцна со Манчестер јунајтед во Лига купот. И во Шефилд јунајтед има заразени.

Поради ваквата ситуација, лекарите се загрижени и некои од нив апелираат Лигата привремено да биде прекината. Клупскиот доктор на Рочдејл, смета дека не е баш најпаметно да се игра додека заразата се шири.

„Играчите се под притисок, како да играат најдобро што знаат, кога длабоко во себе имаат сериозни грижи, мали деца и постари членови на семејствата? И тие се луѓе, се поставува прашањето дали сезоната треба да трае. Лично мислам дека не е најмудро во моментов да се игра бидејќи фудбалерите по меч се враќаат дома и имаат контакт со семејствата“, изјави докторот Весли Тенсел.

Финалната одлука дали некој меч ќе се откаже или евентуално да се прогласи прекин на сезоната, ја носи Бордот на Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести