Џабе спаси пет меч-топки, Федерер елиминиран од Зверев

Александер Зверев се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Шангај откако по три сета го елиминираше Роџер Федерер со 6-3, 6-7, 6-1. Германецот одигра одлично против еден од најдобрите тенисери во историјата, а со оваа победа го изедначи меѓусебниот скор на 5-5 со Швајцарецот.

Еден брејк во првиот сет му придонесе на Зверев да поведе со 1-0, а потоа откако Федерер дојде до водство од два гејма на стартот од вторито сет, Зверев возврати со уште еден брејк и по 6-5 дојде со ситуација да сервира за триумф. Победата му беше сервирана, Зверев имаше 40-0, а Федерер спаси три меч-топки и изнуди тајбрејк. Неизвесно беше сè до 6-6, а откако Зверев не ја искористи и петтата меч-топка, Роџер виде шанса израмнување и ја зграпчи.

Клучниот сет Зверев го доби полесно од што се очекуваше. Експресно поведе со 4-1, а потоа чекаше прилика на свој сервис да го реши мечот. Противникот во полуфиналето Зверев ќе го дознае по дуелот Беретини – Тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести